петак, 10. април 2015.

ДЕНОВИ - Коста Рацин

Како на вратот гердани
ниски камења студени,
така на плешки  денови
легнале та натежале.

Денови ли се, денови -
аргатски маки големи! -

Стани си утре порано,
дојди си вечер подоцна,
наутро радост донеси,
навечер тага донеси -

ај пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек - роб биди,
роди се човек - скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туги имоти.

За туги бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само `ргај си,
за себе маки тргај си, -
нижи се гердан денови,
нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен
околу вратот навезен!

Објашњење мање познатих речи:

денови - дани
на вратото - као на врату
на плешки - на леђа
легнале та натежале - пали су и притиснули
маки - муке, патње
стани си - устани
пуст - проклет
кучешки - пасји
имоти - имање, богатства
`ргај - мучи се
маки тргај - муке подноси, пати
алки - окови

Нема коментара:

Постави коментар